Задолжително од 1 октомври 2026 · Сите ДДВ-обврзници
Потпиши. Испрати. Заборави.
Целосно автоматизирано дигитално потпишување и испраќање на е-Фактури до УЈП - директно од вашиот ERP, без никакви рачни чекори, без технички компликации.
Вклучи-и-заборави Клучот за потпишување никогаш не ја напушта вашата машина КИБС + Телеком Вградена Infomatrix ERP интеграција
1 октомври 2026 Законски рок за сите ДДВ-обврзници
Фактурите без дигитален потпис и EUID нема да бидат правно валидни
Подготовката трае… Не чекај до последен момент
50–70K
ДДВ-обврзнициво Македонија
85%
Микро и мали фирмидо 10 вработени
35+
Години искуствоИнфопројект во ERP
100+
Активни клиентиво сите сектори
е-Фактура е факт. Дигиталниот потпис е задолжителен. Прашањето е само - рачно или автоматски?
Од 1 октомври 2026, секој ДДВ-обврзник во Македонија мора да ги испраќа фактурите електронски преку системот е-Фактура на УЈП, потпишани со квалификуван електронски сертификат. Без потпис - нема правна важност. Без EUID - нема фактура.
Инфопројект обезбедува решение кое го прави потпишувањето целосно невидливо за корисникот: кликни „Издај фактура" во Infomatrix - потписот, испраќањето до УЈП и добивањето на EUID се случуваат автоматски, во позадина, за секунди.
Зошто ова е важно
Без автоматизација - ова е секојдневието
Компанија со 20 фактури дневно, без автоматско потпишување, губи до 2 работни часа само на рачен upload и потпишување преку УЈП портал. Помножи со 250 работни дена.
Без Infomatrix автоматизација
Рачен export на JSON од ERP за секоја фактура
Рачен login на УЈП портал
Upload на фајлот, избор на сертификат, потпишување
Рачно копирање на EUID назад во ERP
Ризик од грешки, заборавени фактури, задоцнувања
Фактури со 30+ ставки? Практично невозможно рачно
Големопродажба: 30 фактури/ден = нереално
VS
Со Infomatrix е-Фактура модул
Кликни „Издај фактура" - сè друго е автоматско
Потпишувањето е невидливо за корисникот
EUID и QR код се зачувуваат автоматски во ERP
Потврда за успешно испраќање во реално време
Полн ревизорски запис за секоја операција
Повеќе фактури паралелно - нема ограничување
Алерт при истекување на сертификат
Принцип на работа
Едноставно за корисникот. Сложено само во заднината.
Системот работи во две нивоа: мал сервис на машината каде е зачуван клучот за потпишување го врши криптографското потпишување, а серверски микросервис комуницира со УЈП. Корисникот не го гледа ниту едното.
1
Фактура во ERP
Корисникот кликнува „Издај" во Infomatrix
2
Локален потпис
Сервисот автоматски го наоѓа клучот за потпишување и го потпишува документот
3
Испраќање до УЈП
Серверски микросервис го прима и праќа до УЈП API
4
УЈП валидација
УЈП го верификува потписот и доделува EUID
5
Готово
EUID и QR се зачувуваат во ERP. Фактурата е важечка.
Клучот за потпишување никогаш не ја напушта вашата машина. Системот автоматски го наоѓа клучот - без разлика дали е зачуван на USB токен (КИБС, Македонски Телеком) или во заштитена датотека на локалниот диск. Откако ќе го детектира, криптографското потпишување се извршува целосно локално: приватниот клуч не се пренесува, не се копира и никогаш не пристигнува до нашите сервери. Корисникот не треба ни да знае каде е зачуван клучот - системот се снаоѓа сам.
Компоненти
Две компоненти. Едно решение.
Системот се состои од мал Windows сервис кај клиентот и серверски микросервис во Инфопројект инфраструктурата. Секоја компонента ја прави само својата работа - без преклопување, без непотребна сложеност.
Infomatrix е-Фактура СервисИнсталира се кај клиентот · Windows 10/11
Мал HTTP сервис кој работи на Windows машината каде е зачуван клучот за потпишување. Го прима фактурниот JSON од ERP, автоматски го лоцира клучот (USB токен или датотека), го потпишува документот и го враќа потпишаниот резултат.
Автоматски старт при стартување на Windows - нема рачно стартување
Работи на LAN/VPN - повеќе работни станици го користат истиот сервис
Поддршка за КИБС Trust и Македонски Телеком токени
Повеќе токени на иста машина - за сметководствени бироа
Веб-интерфејс за почетна конфигурација (Setup Wizard)
Статус на токен, истекување на сертификат - видливо во ERP
PIN се чува локално · Никогаш не го напушта компјутерот
Серверски микросервис во Инфопројект инфраструктурата. Го прима потпишаниот документ од ERP, го испраќа до УЈП API, го зачувува EUID, QR кодот и статусот назад во ERP базата.
Директна комуникација со УЈП API - никогаш не видел грешка при испраќање
Автоматски retry при привремена недостапност на УЈП
Зачувување на EUID и QR код во ERP базата
Celosen audit trail - кога, кој, која фактура, кој сертификат
Мониторинг и алертирање при проблеми
Синхронизација на шифрарници со УЈП
Хостиран и управуван од Инфопројект
Поедноставена архитектура
Infomatrix ERPВеб-апликација на корисникот
е-Фактура СервисWindows PC со клуч за потпишување
ERP (потпишан)JWS документ со потпис
IMX МикросервисИнфопројект сервер
УЈП е-ФактураДржавна платформа
За развивачи на софтвер
IMX е-Потпис Middleware - за вашиот ERP или апликација
Покрај вградената интеграција со Infomatrix, нудиме и самостоен middleware сервис - REST API со кој секој развивач на ERP, сметководствен или деловен софтвер може да додаде целосно потпишување и испраќање до УЈП за неколку дена. Без да знае ниту еден детал за QSCD, JWS или УЈП API структура.
Едноставна REST интеграција
Вашиот систем испраќа еден HTTP повик со фактурниот JSON - middleware-от го потпишува, го испраќа до УЈП и ви враќа EUID. Толку.
Еден endpoint - еден повик - еден резултат
JSON in, EUID + QR out
Управување со токени целосно на ваша страна
Webhook за асинхрон статус (опционален)
Sandbox режим за тестирање без реален УЈП
Без ограничувања по платформа
Middleware-от е платформски неутрален - работи со PHP, .NET, Java, Python, Node.js или кој било друг стек. Ако може да прати HTTP POST, може да го интегрира.
PHP · .NET · Java · Python · Node.js · Ruby
Целосна документација на македонски и англиски
Примери за интеграција за популарни стекови
SDK библиотека за PHP (бесплатна, опен-сорс)
Техничка поддршка при интеграција
За сметководствени бироа
Едно биро, повеќе клиенти. Middleware-от поддржува повеќе клучеви за потпишување на иста машина - секој клуч за друга фирма, автоматски избор по ЕДБ.
Повеќе токени на иста Windows машина
Автоматски избор на токен по ЕДБ
Паралелна работа на повеќе сметководители
Изолирани записи по клиент
Управување со овластувања преку УЈП
Безбедност и независност
Вашите клучеви остануваат кај вас. Middleware-от никогаш не добива пристап до приватни клучеви - тој само го активира вашиот локален сервис.
Нулта пристап до приватни клучеви
Потпишувањето е 100% на страна на клиентот
Целосен audit trail за секоја операција
Шифрирана комуникација на сите нивоа
Усогласеност со закон за ел. потпис
API преглед - имплементација за 30 минути
Комплетната API документација е достапна по барање. Следниве се единствените endpoints кои вашата апликација треба да ги знае:
POST/api/v1/sign-and-send
GET/api/v1/status/{euid}
GET/api/v1/token-status
GET/api/v1/certificates
POST/api/v1/sync-codelists
Безбедност
Безбедноста не е опција. Таа е фундамент.
Квалификуваните сертификати содржат законски обврзувачки идентитет. Решението е проектирано со безбедноста на прво место - не е додаток, туку основа на архитектурата.
Клучот останува кај вас
Приватниот клуч за потпишување никогаш не ја напушта вашата машина - без разлика дали е на USB токен или во заштитена датотека. Секоја криптографска операција се случува локално. Невозможно е да се копира или украде преку мрежа.
Комуникација само преку VPN
Целиот сообраќај помеѓу ERP, локалниот сервис и серверот оди преку шифрирана OpenVPN мрежа. Нема отворени портови на интернет. Нема exposure.
Целосен audit trail
Секое потпишување е трајно евидентирано: кој потписник, кој сертификат, кога, која фактура, кој оператор, статус на одговорот од УЈП.
PIN локален и шифриран
PIN кодот или лозинката за клучот за потпишување се чуваат локално, шифрирани, само на машината. Никогаш не се пренесуваат по мрежата. Никогаш не пристигнуваат до нашите сервери.
Проактивно алертирање
Системот автоматски алертира при: истекување на сертификат (30/14/7 дена), недостапност на клучот за потпишување, неуспешни обиди за испраќање и вонредни грешки.
Само одобрени TSP
Поддржани се исклучиво КИБС Trust и Македонски Телеком - единствените законски одобрени издавачи на квалификувани сертификати во Македонија.
„Вклучи-и-заборави" безбедност: Откако ќе се постави еднаш, системот работи самостојно. Нема потреба корисникот да знае ниту еден безбедносен детал - сè е автоматизирано. Корисникот само потпишува фактури. Системот се грижи за сè друго.
Профили на клиенти
Решение за секоја фирма
Без разлика дали имате 3 или 300 фактури дневно, дали сте микро фирма со еден директор или сметководствено биро со 50 клиенти - решението се прилагодува на вашите потреби.
Микро и мала фирмадо 5 вработени · до 10 фактури/ден
Еден клуч за потпишување кај директорот (USB токен или датотека). Еден Windows компјутер. Инсталирање на еден сервис - и потпишувањето е целосно автоматско засекогаш.
Средни фирми, сметководствени бироадо 15 вработени · до 50 фактури/ден или до 30 клиенти во исто биро
Клучот за потпишување е на компјутерот на сметководителот. Повеќе работни станици - продавачи, логистика, сметководство - ги испраќаат фактурите преку LAN/VPN до истиот signing сервис.
1–2 клучеви за потпишувањеПовеќе работни станициLAN/VPN пристапПаралелно испраќањеЗадолжителна автоматизација
Големи фирми15+ вработени · над 50 фактури/ден
Повеќе клучеви за потпишување на иста машина. Системот автоматски избира клуч по ЕДБ на фирмата. Повеќе сметководители работат паралелно - секој за своите клиенти.
Повеќе клучеви / 1 машинаИзбор по ЕДБПаралелни кориснициИзолирани записиУЈП овластувања
Развивач на ERP / деловен софтверMiddleware интеграција за ваша апликација
Имате свој ERP или деловен систем и треба да додадете е-Фактура? Интегрирајте го IMX Middleware API - потпишувањето и комуникацијата со УЈП се веќе решени за вас.
Сите цени се без ДДВ. ДДВ (18%) се додава при фактурирање.
Месечната претплата го покрива: хостингот на серверскиот микросервис, ажурирањата и основната поддршка.
Еднократната инсталација ги покрива: инсталацијата на Windows сервисот, конфигурацијата и обуката на 1 корисник.
За повеќе локации (повеќе Windows компјутери со токени): секоја дополнителна инсталација 990 МКД.
Цената не вклучува трошоци за USB токен или датотека со сертификат и квалификуван сертификат - тие се набавуваат директно од КИБС или Македонски Телеком.
Постоечките клиенти на Infomatrix со активен договор за одржување добиваат 20% попуст на инсталацијата.
Усогласеност
Правно и технички усогласено решение
Решението е целосно усогласено со македонската регулатива за електронски документи и потписи, и со меѓународно признатите стандарди за безбедност и доверливи услуги.
Закон за ел. документи и потпис
Целосна усогласеност со македонскиот Закон за податоците во електронски облик и електронскиот потпис - правно важечко потпишување.
УЈП е-Фактура API
Директна интеграција со официјалниот УЈП API за е-Фактура. JSON/UBL 2.1 формат, EN 16931 стандард, JWS потпис структура.
КИБС Trust · Македонски Телеком
Поддршка за квалификувани сертификати од двата законски одобрени TSP во Македонија - КИБС и Македонски Телеком).
ISO/IEC 27001 принципи
Архитектурата на решението е базирана на принципите за управување со безбедност на информации согласно ISO/IEC 27001.
JWS · RFC 7515
Потписот се гради во строга согласност со JSON Web Signature стандардот (RFC 7515) - точно онака како што го бара УЈП.
QSCD
Криптографските операции се извршуваат локално - на USB токен (QSCD) или преку заштитена датотека со клуч. Во двата случаи, приватниот клуч никогаш не ја напушта вашата машина.
Воведување
Подготвени за работа за еден ден
„Вклучи-и-заборави" не значи само дека работи автоматски - значи и дека поставувањето е едноставно. Нашиот тим се грижи за целото воведување. Вашите вработени не треба да знаат ниту еден технички детал.
1
Консултација
Ги анализираме вашите потреби: број на фактури, број на клучеви за потпишување, број на работни станици, специфики на вашата мрежа. 30–60 минути.
2
Инсталација
Нашиот тим ги инсталира и конфигурира двете компоненти. Далечинско поврзување или посета на лице место - по ваш избор. Обично 1–2 часа.
3
Тест
Тестираме со реална фактура на УЈП тест-окружување. Потврдуваме дека EUID се добива, QR кодот е точен, записот се зачувува во ERP.
4
Производство
Префрламе на живо УЈП. Кратка обука за вработените (15 минути). Подготвени сте. Следните фактури се испраќаат целосно автоматски.
Подгответе се пред рокот - не на последниот ден
Октомври 2026 доаѓа брзо. Слободните термини за инсталација пред рокот се полнат. Побарајте консултација денес и обезбедете приоритетен термин.
Да, поводот е октомври 2026. Но инфраструктурата која ја градиме е многу поширока.
Потпишувањето на е-Фактури е прв чекор кон целосно дигитализирано работење - каде секој деловен документ, договор или одлука може да се потпише законски, автоматски и без хартија. Infomatrix е-Фактура модулот е дел од MOST платформата за управување со дигитални потписи на ниво на целото претпријатие.
Законскиот рок ги принудува сите. Вистинската трансформација ги разликува оние кои ја користат можноста.